Барај
Освежете го плакарот со 1000+ нови парчиња!
БЛОГ

Освежете го плакарот со 1000+ нови парчиња!

 

 

Новата топла сезона донесе свежина насекаде околу нас, а покрај тоа што треба внатрешно да блескаме и секогаш да се грижиме за себе, подеднакво важен е и стилот што го негуваме.

Последните колекции на нашите брендови донесоа сосема поинакви, пролетни вибрации од кои се чини атмосферата целосно се промени.

Последните денови од април се совршен момент да го освежите вашиот плакар со парчињата што толку долго ги посакувавте, а сега се на чекор од вас.

Овие денови се збогуваме со топлите парчиња во потемни нијанси и целосно се препуштаме на пастелната палета на бои кои секогаш потсетуваат на долги и топли пролетни денови.

Совршениот баланс за оваа сезона се наоѓа токму во овие парчиња од кои вие самите ќе си ги одберете фаворитите и ќе направите тотално урбани комбинации во кои ќе ги поминувате убавите денови што следуваат.

Во нашата понуда која од денеска можете да ја најдете онлајн или во продавниците на брендовите каде сè уште се грижиме заштитата да е на највисоко можно ниво, ќе го најдете сето она што ви е потребно за стилска пролет.

Заборавете на џемперите и здолништата од твид и само сега, одберете од бескрајните можности што новите колекции ги донесоа со себе.

Оваа сезона, без двоумење ги носиме најубавите широки кошули во ултра светли нијанси и ги комбинираме со лежерни панталони во шармантна нијанса, а уживаме и во удобноста што со себе ја носат волуменозните и лелеави фустани од кои никогаш не ни е доста.

Топлите денови се совршен момент да ги освежите вашите комбинации со сламена торба или шапка, додека момците со тренди поло маички на куси ракави и светлите кошули кои се совршен крај на секоја комбинација за во канцеларија.

Меѓу новите парчиња на нашите колекции ќе најдете и совршени модни класици како тексас јакна или широко палто во светла нијанса како нешто на што секогаш ќе му се враќате без разлика на трендовите.

Пролетта во модниот свет секогаш носи нова пресвртница, па така е и оваа година, кога ја гледаме преку цветните комбинезони, романтичните фустани со карнери, стилските спортски парчиња и што уште не.

Целата понуда од новите колекции на нашите брендови ја гледате на следниот линк, а овие денови се совршен момент да ги смислите сите комбинации за празниците, но и да им купите подарок за истите на сите драги луѓе.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

 

 

27.04.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.