Барај
Летно бегство: Безгрижни денови полни топлина со Fashion Group!
БЛОГ

Летно бегство: Безгрижни денови полни топлина со Fashion Group!

 

 

-Не постои ништо поубаво од звуците на водата... Се сеќавате на тоа чувство, нели?

-Ова лето, пронајдете се себеси во мирот што го нудат топлите денови, создавајќи сосема нови приказни без да се навраќате на старите...

-Ова лето, стилските парчиња облека нека зборуваат за вас...Да отвориме нова врата во чии хоризонти ќе заборавиме на грижата, а ќе се грижиме само за убавите нешта...

Андријана: Дуксер Boss, Бермуди Guess, Денис: Бермуди Boss, капа Boss 

Инспирацијата за летната кампања ја најдовме во убавините што со себе ги носеше летото порано, оние на кои заборавивме изминатиот период, а сè уште се тука и постојат.

Токму тоа беше нашиот главен фокус одбирајќи ги парчињата на кои сакавме да ставиме акцент оваа сезона, а сепак да допреме до сечиј вкус и да го обоиме летото, овојпат со локација во прекрасната Струга.

Андријана: Костим за капење, Јакна, Патики: Superdry

Се чини и успеавме во тоа. А што е летото без многу колорит? Оваа сезона заборавете на темните нијанси и целосно препуштете им се на впечатливите бои кои секогаш се толку привлечни.

Денис: Маичка, Бермуди, патики: Superdry

Ретро призвукот нека ви биде прв на ум кога станува збор за одбирањето на нови парчиња, како ултимативен хит оваа сезона. Кошулите со цветен принт овојпат гласно говорат за себе, па ако се двоумевте дали да ја замените едноставната бела со некој ваков модел, целосно препуштете и се.

Андријана: Костим за капење Women'Secret, Кошула: Mango, Чанта: Parfois, Сандали: Geox; Денис: Маичка, бермуди, сандали: Levi's 

Андријана: Дуксер Boss, бермуди: Guess, Патики: Levi's; Денис: Бермуди: Boss, Патики: Geox 

Бирајте храбри комбинации дури и кога станува збор за лежерната прошетка низ градот, па ако новиот костим за капење ви се допаѓа толку многу, без двоумење комбинирајте го со фармерки со висок струк и лежерна широка кошула.

Андријана: Боди: Guess, Бермуди: Miss Sixty, Очила за сонце: Guess, Накит: Parfois 

Ова лето, бидете вистинска дива кога се комбинациите во прашање и повторно вратете му се на сиот оној гламур што се крие во свилените куси фустанчиња, дури и за интимното вечерно излегување од кое секогаш може да создадете нови спомени.

Андријана: Фустан, чанта Guess, Обетки: Parfois Денис: Палто, панталони, маичка: Bitsiani, Патики: Geox 

Уживајте во нашата колоритна ода целосно посветена на летото и на сите оние безгрижни денови во кои уживавме да живееме и на кои секогаш можеме повторно да им се вратиме.

Денис: Палто, маичка: Bitsiani, 

Оваа топла сезона, целосно истакнете ја вашата внатрешна убавина дополнително украсена со сите шик парчиња од новите колекции на брендовите на Fashion Group и обновете ги летните спомени што секогаш долго се паметат.

Андријана: Дуксер: Timberland, Прстен, обетки: Parfois, Очила за сонце: Mango, Денис: Дуксер: Timberland, Бермуди: Scotch&Soda, Мокасини: Timberland 

Организација и стајлинг: Fashion Group

Шминка и фризура: Зоран Шурбевски

Фотограф: Бојан Стоилковски

Локација: Хотел Изгрев, Струга

Модели: Денис Јовановиќ и Андријана Илиоска

 

19.05.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.