Барај
Ја завршуваме учебната година со стил!
БЛОГ

Ја завршуваме учебната година со стил!

 

 

Иaко веројатно нема да биде сосема онака како што го замисливте, крајот на школската година е дефинитивно нешто на што треба да му се радувате, без оглед на ситуацијата.

Веројатно сега помисливте дека нема простор за радост со оглед на тоа што прославите ќе бидат во мал број, а некои воопшто и нема да се одржат, вие самите треба да го направите моментот за паметење.

Сосема внимателно и со новите донесени мерки, минималното одбележување на ова поглавје од вашиот живот веројатно би било од големо значење за вас, а и сосема возможно да се оствари.

Денис: Кошула: Replay, Бермуди: Scotch&Soda Андријана: Елек, Бермуди: Mango, Патики: Geox, Денис: Палто, маичка, панталони: Bitsiani

Доколку можеби вашето училиште сепак ќе го одбележи завршувањето на оваа значајна етапа од животот, без разлика дали се работи за полуматура или матура, тоа дефинитивно треба да го направите во стил.

Знаеме дека прво на ум ви дојде некое шик фустанче дополнето со сандали и кул накит, а на момците впечатлива кошула и шик фармерки, па токму такви парчиња издвоивме за да ви ја олесниме потрагата на крајот на учебната година.

Сите парчиња што ги гледате во продолжение се достапни на нашата онлајн страна, но и во продавниците на брендовите, па мал шопинг овој викенд би бил совршено уживање и момент за дружба со вашите родители.

Во предлог парчињата сместивме исклучително различни модели за сите момци и девојки со уникатен и впечатлив стил што допрва треба да излезе на површина, но доволно шик за стилски да го означите крајот на учебната година.

Секогаш сигурна варијанта се лежерните фустанчиња, а таквите се огромен хит оваа сезона, уште повеќе што доаѓаат во разни бои и должини, па секоја млада дама може да си го одбере својот фаворит.

Младите момчиња пак, може да одберат од исклучителната палета на стилски кошули или пак поло маички за лежерно – класичен изглед, а секако, на следниов линк ќе ги најдете и сите маички со принт или сосема едноставни за безброј комбинации во летото што доаѓа.

За оние пак кои сакаат крајот на учебната година да го прослават во исклучително елегантна комбинација и да ги воодушеват сите на одбележувањето на истата, секогаш можат да одберат палто што ќе го комбинираат со фармерки или панталони во светла нијанса за целосно младешки изглед, а на дел од производите има и одлично актуелно намалување

Без разлика што и да одберете, најважно од сè е да бидете задоволни со вашиот изглед и паметно да размислите каде ќе го продолжите вашето образование, бидејќи пред вас се веројатно најубавите години од животот во кои ќе создадете спомени за паметење!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                       

04.06.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.