Барај
Додадовме нови сандали во листата за шик изглед ова лето!
БЛОГ

Додадовме нови сандали во листата за шик изглед ова лето!

 

 

Ако пред некое време ви ги претставивме сите стилски сандали со кои можете да направите безброј комбинации ова лето, денеска сакаме да ве запознаеме со новите модели на кои нема да можете да им одолеете.

Во листата, додадовме сосема нови парчиња што се љубов на прв поглед, а кои знаеме дека ќе ги употребите во некоја од вашите комбинации што секогаш се толку стилски.

Овојпат, нашите брендови претставија ултра удобни модели во кои можете да го поминете секој еден ден без разлика на обврските, а во кои ќе се чувствувате подобро од кога и да е.

Подеднакво привлечни се и оние модели на висока потпетица кои дојдоа во вистинско време кога со посебни мерки им се враќаме на прославите што толку многу ни недостасуваа.

Иако секоја сезона има целосно различни модели на сандали во кои ја минуваме топлата сезона, постојат неколку класици што се провлекуваат низ секоја сезона.

Токму тие, секогаш се вреден избор за инвестиција, бидејќи остануваат да сведочат за вашиот исклучителен стил и можете да ги носите буквално секоја топла сезона пред вас.

Повторно, како еден од најпопуларните модели за оваа сезона се враќаат сандалите во неутрални нијанси со висока и полна пета со акцент на извезениот коноп во долниот дел.

Токму овие модели, се совршени за прошетка во летните вечери, дополнети со лежерен фустан и сламена торба која сезонава е една од омилените.

Вистински популарни се и оние со ремчиња, особено моделите со врзување до средина на ногата кои беа вистински хит пред неколку години, а совршено одат со широки бермуди и шик маичка.

Сите нови модели во кои ќе шетаме ова долго и топло лето, ги гледате во продолжение, а уште повеќе, на следниов линк.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                             

 

08.06.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.