Барај
Добредојдовте Havaianas: Колоритни апостолки за најзабавно лето!
БЛОГ

Добредојдовте Havaianas: Колоритни апостолки за најзабавно лето!

 

Сосема навреме, пред почетокот на долгото и топло лето, на низата шик брендови на нашата групација им се придружи уште еден, комплетно нов со најубавите апостолки создадени за забава во топлите денови.

 

Производите на брендот Havaianas од денеска ќе можете да ги најдете онлајн и во продавницата на Fashion&Friends сосема навреме за да ги направите сите колоритни комбинации за секојдневно уживање и за годишниот одмор.

Препознатливи по исклучителниот квалитет и боите на Бразил, апостолките на Havaianas од 1962 – та година важат за едни од најпосакуваните ширум светот, со исклучителна популарност благодарение на нивниот квалитет, едноставноста и пред сè, удобноста која на клиентите им е секогаш најважна.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Симбол на летото, овие неодоливи модели со потпис на познатиот бразилски бренд, секогаш потсетуваат на плажите во Ипанема и Копакабана, како едни од најпосакуваните за уживање на високите температури.

 

Зависно од вашиот вкус, во нивната понуда, сега достапна и кај нас, ќе најдете едноставни модели за секојдневно уживање, но и стилски сандали кои совршено одговараат со некое шик фустанче или омилениот костим за капење.

 

Ова лето, палетата на бои варира од едноставна бела, па сè до интензивна розова, сина, жолта, но и нијанси на златна и сребрена за оние кои сакаат да бидат забележани.

 

Без разлика кој модел ќе го одберете, можете да бидете и повеќе од сигурни дека летото ќе го поминете во супер удобни апостолки со гарантиран квалитет познат ширум светот.

 

 

Сите модели што ги гледате на овој линк, можете да ги најдете и во продавницата на Fashion&Friends во Скопје Сити Мол каде ќе можете да ги направите и омилените летни комбинации на кои досега единствено им недостасуваа совршените апостолки!

 

 

 

 

15.06.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.