Барај
Уникатни парчиња за сите шик забави ова лето!
БЛОГ

Уникатни парчиња за сите шик забави ова лето!

 

Прекрасните летни денови освен една посебна атмосфера, со себе носат и голем број забави, а ова лето се чини сме и повеќе од среќни што конечно, повторно им се враќаме на средбите со нашите најблиски.

 

Ако пред вас е некоја интимна венчавка или пак роденден на најдобрата пријателка на омилената летна тераса, дефинитивно треба внимателно да го одберете она во што ќе оставите најголем впечаток.

 

Токму ваквите средби се одличен момент да поминете време со најблиските, но и причина да ги посетите омилените продавници и да ги одберете фаворитите во кои ќе изгледате супер шик.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Откако ќе го одберете совршеното парче кое беше љубов на прв поглед, време е целосно да му се посветите на изборот на соодветните чевли, односно сандали за летниот период и секако, модните додатоци кои треба да се најстилскиот финиш на секоја комбинација.

 

Овојпат, на листата соодветни парчиња за најдобрите летни забави меѓу првите се најдоа секако фустаните за девојките и кошулите за момците, но оваа сезона, во зависност од видот на забавата, девојките обожаваат да носат впечатлив топ и фармерки или широко здолниште.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Иако лето, свилените фустани со долги ракави се омилен избор кога станува збор за забава на која треба да изгледате елегантно, а комбинирани со сандали со ремчиња и впечатлив накит секогаш се полн погодок.

 

Само за вас, ние ја обновивме нашата колекција наречена „Party Look“, а во истата ги сместивме некои од најпознатите парчиња од нашите брендови, кои можат да бидат ваши со само еден клик или пак да ги посетите нашите продавници и да уживате во омиленото искуство наречено шопинг!

 

 

 

01.07.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.