Барај
По цели 18 месеци, високата мода донесе неверојатна возбуда во Париз
БЛОГ

По цели 18 месеци, високата мода донесе неверојатна возбуда во Париз

 

Речиси 18 месеци од последната недела на Висока мода во Париз, возбудата во овој град од 5-ти до 8-ми јули е на највисоко можно ниво како резултат на првите шоуа со физичко присуство после толку време поминато во пандемија.

 

Иако веројатно онлајн ревиите сè уште ќе бидат случај поради новата ситуација со пандемијата, сепак, и повеќе од возбудливо беше тоа што на едно место, во најубавиот град на светот видовме толку многу прекрасни луѓе и уште поубави ревии на некои од најпознатите модни брендови.

 

Од 1945- тата година па наваму, Неделата на висока мода важи за едно од највозбудливите модни шоуа воопшто во модниот свет, а оваа година е можеби една од најдобрите досега.

 

 

 

 

 

 

 

 

Некои од највозбудливите моменти на годинешната Недела на висока мода се враќањето на Баленсијага на пистата, како и соработката на Жан Пол Готје со Сакаи, нешто на што нивните фанови се радуваат од најавата во март 2020 година.

 

Очекувано, на ревиите што досега се случија се појавија некои од најголемите ѕвезди и музи на дизајнерите како Бела Хадид, Џенифер Лоренс, Амбер Валета, Кејти Пери и Орландо Блум и уште многу други.

 

Највпечатливи, дефинитивно беа ревиите на најголемите: Шанел, Диор, Скјапарели и Армани. Сосема очекувано, по речиси година и половина, дизајнерите на модните куќи прикажаа колекции кои беа љубов на прв поглед, совршени кроеви на кои како да подзаборавивме, материјали кои едвај чекавме да ги видиме и бајковити модели во најубавите бои што можете да ги замислите.

 

 

Иако на секоја од ревиите беше „протнат“ по некој тренд, сепак, изработката и моделите неодоливо потсетуваа на најубавите времиња во Париз кога сите се вртеа по стилските дами на улица благодарение на нивниот луксузен и секогаш одмерен изглед.

Секако, ова не можеме да го очекуваме од Скјапарели и Џамбатиста Вали чии модели само тие знаат да ги изведат, но секогаш да изгледаат ултра уникатно, впечатливо и совршено за на црвениот килим.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Инспирирана од уникатно украсените ѕидови во Palazzo Colonna во Рим, Марија Грација Кјури прикажа уште една бајковита колекција која севкупно, личеше на неверојатен перформанс со парчиња какви што само таа знае да направи.

Уште едно од највпечатливите шоуа оваа година беше она на Вирџил Аблоу за Off-White на кое се појавија некои од неговите најпознати пријателки и реално, ревијата беше и повеќе од одлична во рамки на она што тој знае да го направи како дизајнер години наназад.

Низ текстот ќе ги видите најубавите парчиња на кои досега бевме сведоци во рамки на Неделата на висока мода, а кои се вистинско уживање оваа среда.

 

 

07.07.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.