Барај
Креацијата на Бела Хадид ги засени сите останати на Канскиот фестивал
БЛОГ

Креацијата на Бела Хадид ги засени сите останати на Канскиот фестивал

 

Во моментов во тек е еден од најгламурозните филмски настани што публиката со нетрпение го очекуваше, особено што конечно, истиот се одржа со физичко присуство на некои од најпознатите светски филмски ѕвезди.

 

Сосема очекувано и повеќе од потребно, за црвениот килим дамите одбраа некои од најубавите креации што можете да си ги замислите, а совршен беше моментот што во тек беше и неделата на висока мода, па многу од нив на церемонијата се појавија во ултра „свежи“ креации.

Една од нив дефинитивно беше и Бела Хадид која за нејзиното појавување во Кан одбра креациja директно од ревијата на уникатниот Скјапарели и изгледаше ултра уникатно.

 

Истата се состоеше од едноставен црн долг фустан со длабоко деколте и со исклучително уникатна изработка во форма на бели дробови во златна нијанса со која и беа покриени градите и за кратко стана вест број еден во сите медиуми.

Дека таа дефинитивно знае како да остави впечаток, докажа и со винтиџ фустанот на Жан Пол Готје во кој се појави неколку дена претходно, а кој беше подеднакво уникатен и посебен како и оној со потпис на Скјапарели.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Повеќе од сигурно беше дека таа ги имаше најдобрите модни моменти досега на Канскиот филмски фестивал, но тоа не значи дека останатите дами не направија добар избор.

 

Никако не смееме да заборавиме на прекрасната инфлуенсерка Лионе Хан која за црвениот килим одбра едноставно неверојатна креација со потпис на Nicole&Felicia Couture, во кој ги собра сите погледи и беше прогласена за една од најдобро облечените дами на фестивалот.

 

Дека секогаш може подобро докажа и со нејзиниот втор избор за Кан, магичен фустан чии бои се прелеваа и истиот беше навистина неодолив, овојпат од дизајнерот Тони Вард кој важи за крал на свечените креации.

 

 

 

 

Со оглед на тоа што одамна немавме можност да уживаме во најпознатиот филмски фестивал во светот, дамите оваа година навистина се потрудија, па можевме да видиме прекрасни креации на Шанел носени од познатите француски актерки, но и кул дизајни од Валентино, Диор, Фенди и многу други.

Погледнете ги нашите фаворити досега, а се чини ќе уживаме и во многу други до 17-ти јули.

 

12.07.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.