Барај
Запознајте ја Џеси Буш, девојката со најубавите фустани на светот!
БЛОГ

Запознајте ја Џеси Буш, девојката со најубавите фустани на светот!

 

Ако сте од оние дами кои обожуваат фустани, а ви треба инспирација веќе за следниот шопинг, за оваа девојка ќе кажат дека ги има најубавите фустани на светот, па веруваме дека и вие ќе го најдете својот фаворит.

 

Џеси Буш е дефинитивно една од најпознатите инфлуенсерки на денешницата за која медиумите многупати пишуваа дека може да го продаде било кое парче седејќи во комфорот на својот дом, а се чини дека тоа е дефинитивно така.

Во моментов, таа е бремена со првото дете и сите фустани што ги поседува, како и оние кои се дел од нејзините соработки со познати брендови, совршено ги пренаменува за трудничките денови.

 

Тоа е така, бидејќи речиси секој модел на фустан во кој што ќе ја видите, е волуменозен и одлично прилега на секоја форма на тело, па дури и во оној период кога сте во поодмината бременост.  Од 2017 – тата па наваму, оваа ултра шик девојка соработува со еден од најпознатите лондонски брендови KITRI кој важи за еден од омилените на девојките ширум светот, благодарение на моделите кои се неодоливо шик, но и пристапните цени. Токму за парчињата што оваа девојка ги креира за брендот постојано има листи за чекање, а за фамозниот зелен кариран фустан листата беше подолга од 800 имиња.

 

 

 

Она што таа постојано го истакнува како најважно при изборот на облека, но и при создавање на бројните колекции за познатите брендови е дека секогаш на ум треба да имаме колку удобноста е важна за вистинско уживање во текот на денот.

Ако добро го разгледате нејзиниот профил, ќе забележите дека токму удобноста е рефлексија на нејзиниот стил, па така речиси никогаш не носи ултра тесни парчиња во кои не може да функционира.

Всушност, целиот нејзин Инстаграм профил е совршена инспирација за секојдневни комбинации, па доколку сè уште не сте го погледнале, овој дождлив понеделник е совршен за тоа.

 

 

 

19.07.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.