Барај
Нашиот омилен бренд слави 30 годишнина и има нова стилска колекција!
БЛОГ

Нашиот омилен бренд слави 30 годишнина и има нова стилска колекција!

 

Од неодамна на нашата групација и се придружи уште еден исклучително популарен бренд, кој години наназад важи за еден од омилените на девојките. Своевремено, одреден период Miss Sixty беше на врвот на светот со исклучителните модели на фармерки и останати парчиња кои беа дефинитивно вистинска инвестиција.

 

Денеска, брендот слави 30 години од постоењето, а нивниот квалитет и стил кај парчињата ниту за момент не се промени. Во последно време, актуелна амбасадорка на брендот е прекрасната Бела Хадид која тие ја најмија да ја промовира и нивната нова колекција која ексклузивно можете да ја најдете во продавницата на Fashion&Friends во Сити Мол.

 

Ако сте во потрага по најженствените парчиња за оваа есен, тогаш дефинитивно вреди да ги погледнете сите нивни модели онлајн и сосема подготвени да ја дочекате студената сезона која секогаш знае да биде толку возбудлива.

 

Во нивната колекција повторно ќе најдете супер шик и ултра квалитетни модели на фармерки во тренди издание, топли и стилски џемпери за бројни пригоди, памучни маички во сосема нов дух, здолништа какви што само тие знаат да создадат, но и обувки кои едноставно се олицетворение на есенските трендови. Тука не смееме да ги заборавиме ниту нивните шармантни јакни, кои оваа сезона доаѓаат со интересна должина, сосема доволна да го покажете новиот фустан или кошулка со впечатлива јака.

Како и секогаш, дизајнерскиот тим совршено внимание им посвети и на секогаш омилените парчиња на дамите, секако, фустаните, кои иако ги имаме во претежно темни нијанси, истите се неодоливи за комбинирање. За нивната 30 годишнина тие се потсетуваат на почетоците и колку нивната посветеност кон создавање на совршените фармерки за дамите била голема и уште еднаш посочуваат дека она што ја прави една жена секси, не е згодното тело, туку нешто повеќе од тоа: Моќниот ум, независноста и слободата!

Низ текстот ги гледате сите нови парчиња со потпис на Miss Sixty и со само еден клик го купувате вашето омилено!

 

 
07.09.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.