Барај
Најдобрите чанти од нашите брендови за ултра стилска есен!
БЛОГ

Најдобрите чанти од нашите брендови за ултра стилска есен!

 

Сега откако ги погледнавте сите нови парчиња од нашите брендови и знаеме дека ги направивте најубавите комбинации, време е сериозно да се погрижиме за есенските детали. Кога говориме за модни детали, веројатно прво нешто што ви паѓа на ум се дефинитивно чантите кои од сезона во сезона стануваат сè подобри.

 

Оваа пак, едвај чекаме да одбереме од палетата на сосема нови и интензивни бои што ќе го разубават секој стајлинг, со кои ќе блеснеме низ градските улици и ќе бидеме и повеќе од уникатни.

 

Популарноста на уникатните чанти за следнава сезона ја потврдија и нашите брендови кои во неколку наврати во своите нови колекции ги имаат токму моделите во кои знаеме дека ќе се вљубите.

 

Токму овие нови модели на чанти ќе ја направат најдобра и сосема едноставната комбинација, која пак ако дополнително ја разубавите со накит, тогаш го имате вистинскиот изглед за студената сезона. Во зависност од она што вие го барате од чантата, обидете се изборот секогаш да биде спој од функционалноста и трендовите, за да можете целосно да уживате во вашето ново парче.

Секако, за посебните пригоди тука се и оние модели во интересни форми во кои и не можеме да ги собереме сите работи што ги обожаваме, но затоа пак изгледаат сосема шик и елегантно.  Викендов што следи е како создаден за шопинг на нова чанта, а ние денеска ви ја олеснуваме потрагата со нашиот избор на ултра уникатни модели кои знаеме дека ќе ја одбележат сезоната!

 

 

10.09.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.