Барај
Стајлингот на Џеј Ло беше најдобриот момент на годинешните VMA’s
БЛОГ

Стајлингот на Џеј Ло беше најдобриот момент на годинешните VMA’s

 

Кога станува збор за „Video Music Awards“ наградите, повеќе од очекувано е дека ќе видиме кич стајлинзи, или барем голема доза на голотија на која некако навикнавме низ годините.

 

Социјалната мрежа „Твитер“ утрово беше преплавена со коментари за стајлинзите на ѕвездите што се појавија на црвениот килим, а можеби еден од најинтересните беше дека истите се оправдани со оглед на тоа што стилистите подолго време не излегувале од дома поради пандемијата и немале каде да црпат инспирација.

 

За среќа, се чини целиот настан го „извади“ единствената Џенифер Лопез која на сцената се појави како изненадување за да и ја додели наградата на Оливија Родриго за најдобра песна за изминатата година, а нејзините обожаватели не можеа да ја задржат возбудата.

 

Педесет и двегодишната Лопез на настанот се појави во можеби еден од највпечатливите стајлинзи во нејзината кариера, за кој многумина ќе кажат дека и прилегаше едноставно неверојатно!

Облечена во впечатлив топ и уште повпечатливо здолниште со врвки со потпис на Давид Кома, поп дивата уште еднаш докажа дека може да го износи било кое парче без оглед на годините.

 

Иако имаше многу коментари од типот дека појавувањата на пејачката се здодевни, а и Били Ајлиш беше хит на Твитер со нејзиното „невоодушевување“ од дивата, сепак, мора да признаеме дека таа изгледаше одлично за разлика од нејзините колешки.

 Полуоблечени во неумесни парчиња од тантела или кожа, девојките на црвениот килим изгледаа полошо од кога и да е, без разлика на тоа што веројатно дополнително се потрудиле бидејќи јавноста ги немаше видено одамна.

Сепак, самото доделување на наградите беше настан кој не врати некаде во 2000 – тата кога сè ни се чинеше толку возбудливо и музиката беше позабавна од кога и да е.

Погледнете ги познатите како изгледаа на црвениот килим и самите проценете за што говориме!  

 

 Фото: Getty Images 

13.09.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.