Барај
Моќна порака за важноста на семејството во новата Манго кампања!
БЛОГ

Моќна порака за важноста на семејството во новата Манго кампања!

 

„Семејство. Некои велат дека е традиција, ние сакаме да велиме дека се корени. Оние кои остануваат силни и здружени. Место каде сите се поддржуваат. Место каде сите се признаени, место каде сигурноста на членовите се храни од љубов. Не постои еден начин да се биде семејство, бидејќи една работа е јасна: различноста е моќ“...

 

 

Вака некако Манго ја започнува приказната поврзана со нивната нова кампања во која главната улога им ја доделија на неколку семејства кои имаат што да кажат, семејства кои се толку различни, но сепак, љубовта е онаа која ги соединува.

Дел од нив ќе ги препознаете како моделите на кои секогаш ги гледаме новите колекции на брендот, а во некои пак, ќе се вљубите од прва.

Ousseynou, Alpha & Birane

По повеќе од 11 години Alpha и Ousseynou се сретнуваат со нивната баба Birane, откако како деца си имаат заминато од Сенегал во Германија. Иако неговиот брат одамна ја нема видено нивната баба која е столбот на семејството, Alpha кој денеска е еден од најпознатите машки модели во светот постојано оди во Африка и обожава да биде во друштво на Birane. Денеска, тој има отворено своја фондација која финансиски им помага на децата во Сенегал. Баба му, исклучително се гордее со него и неговиот брат кои прават позитивни промени во нејзината земја.

 

 

Ashley & Shirley

Ashley & Shirley се две исклучително шармантни сестри со потекло од Индија кои долги години живеат во Париз со нивната мајка. Ќе кажат дека често им се случува криза на идентитетот, но и дека научиле тоа да не им пречи и да уживаат во земјите каде се во моментот. Ashley е една од најангажираните манекенки во моментов, а нејзината сестра Shirley покрај себе има некој на кој може да се огледа. Сите останати девојки во Индија се гордеат со она што го постигна Ashley и конечно можат да кажат дека и за нив има можност да успеат во светот на модата.

 

 

Camille & Julia

Camille & Julia се исклучително вљубена двојка која изминатите три години функционира совршено добро. Клучот на тоа е како што ќе кажат, балансот кој со текот на времето успеале да го постигнат. Бидејќи, што е семејството ако не место каде треба да се чувствувате стабилно. Она поради кои тие велат дека нивната врска успеала е почитувањето на меѓусебните културни различности и вредностите кои семејствата од двете страни ги негуваат.

 

 

Nicola, Guy & Clement

Со оглед на тоа што најголемиот дел од нивниот живот тие го поминале во патување со нивните родители кои биле професори, конечно било време Nicola и неговиот брат Clement да се вратат во Париз и да ги искусат вистинските вредности. Заедно со нивниот татко Guy тие стојат на тоа дека семејството е многу важно, дотолку што во некој период од животот треба да се вратите дома.

 

Gigi & Eeva

Две познати манекенки од Данска, исклучително барани во модниот свет и една љубов поголема од сè! Gigi и Eeva ќе кажат дека семејството им е поважно од сè... Тоа е место каде можеш да бидеш она што вистински си, сосема скромен и приземен без разлика на околината.

 

 

Darcy, Caroline, Carter & Bronte

Caroline Barton заедно со нејзиното семејство си заминала од Англија во Шпанија поради работа на три години, а станале повеќе од пет. Нејзиниот 7-годишен син за себе вели дека се чувствува повеќе како Шпанец отколку Англичанец. Среќата на едно семејство се состои во транспарентноста, без да ја заборавите смислата за хумор.

 

 

Devyn, Maria & Jennie

Веројатно ја препознавте прекрасната Devyn која во моментов е една од најпознатите plus size модели со кариера која се чини се вивнува кон ѕвездите. Без разлика на тоа што живее во Мајами, нејзините кубански корени секогаш ја враќаат дома, а истите се обидува да ги живее преку постојаната врска со нејзината мајка и баба и вредностите што тие ги негуваат.

 

 

 
 
22.09.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.