Барај
Стилски есенски парчиња инспирирани од Меган Маркл
БЛОГ

Стилски есенски парчиња инспирирани од Меган Маркл

 

Без разлика на тоа што мислењата за Војвотката од Сасекс, Меган Маркл сè уште се поделени, никој не може да говори негативно за нејзиниот стил.

 

 

Последните неколку дена таа заедно со нејзиниот сопруг, принцот Хари е на турнеја низ Њујорк каде се чини одржа сериозна модна лекција за тоа како една дама треба да изгледа во есен.

Сосема очекувано, на нејзините појавувања највоочливи дефинитивно беа класичните парчиња како стилски капути во препознатливи есенски нијанси, но и широки панталони и ролки како една од нејзините омилени комбинации.

 

 

 

Таа беше стилска дама и во целосно црна комбинација што секогаш е добредојдена во оние денови кога не знаете што да одберете од плакарот, а сепак, сакате да изгледате впечатливо и шик.

Подеднакво привлечна беше и во целосната темно црвена комбинација составена од широко палто и панталони во ист стил, дополнително истакнати со високи потпетици во темно црвена боја.  Секако, не заборави ниту да нè почести со кусо фустанче во светла нијанса украсено со интересни детали, како совршен избор во оние моменти кога сакате да се истакнете, но сепак, сето тоа да изгледа супер умерено.

Ние издвоивме неколку парчиња од нашите нови колекции кои се вистински есенски класици, а во кои секогаш треба да инвестирате, па веројатно не постои подобар начин за почеток на понеделникот од еден добар, мини шопинг по примерот на Меган Маркл!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Фото: Getty Images, Just Jared, Reuters, NY Post 

27.09.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.