Барај
Момците едногласни: Ова се хит парчињата за оваа есен!
БЛОГ

Момците едногласни: Ова се хит парчињата за оваа есен!

 

Оваа есен се чини повторно акцентот го стави на едноставните парчиња во плакарот, а тоа особено многу им се допаѓа на момците!

 

Супер е тоа што како и секоја сезона досега, ова значи дека има исклучително многу простор за храбро комбинирање, односно додавање на модни додатоци за дополнително истакнување на вашите стајлинзи.

За среќа, нашите брендови се погрижија сосема навреме да ве запознаат со новите колекции и стилските парчиња во истите, па денеска, денот им го посветуваме на фаворитите.

Совршениот спој на неутрални бои и навидум едноставни кроеви оваа есен ќе го видиме кај шик дуксерите со потпис на вашите омилени брендови, кај карго панталоните што никогаш не изгледале подобро, кај зимските и топли јакни и што уште не.

Ова се неколку од парчињата без кои момците не можат да си ги замислат комбинациите оваа студена сезона, а тоа дефинитивно се потврдува и низ градските улици што стануваат сè поубави. Она на што мора да му посветите значајно внимание зимава, е дефинитивно стилскиот капут што ќе биде ваш сојузник во секоја шик комбинација. Зависно од боите што ги негувате, сивиот или црниот капут секогаш е полн погодок, но не двоумете се и купете го и оној карираниот како еден од омилените оваа студена сезона. Подеднакво шик, комбинирајте го со омилениот дуксер со качулка бидејќи сезонава се чини нема правила и сè изгледа толку добро!

 

За вашите уникатни и секогаш впечатливи комбинации, ние ги одбравме фаворитите од новите колекции, а сите останати нови парчиња ги гледате на следниов линк.

 

 

 

 

06.10.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.