Барај
Модата се промени, моќта остана иста!
БЛОГ

Модата се промени, моќта остана иста!

 

Многумина ќе кажат дека најголемите промени се случуваат напролет, но според нас, есента е вистинското време создадено за промени. Повозбудлива од кога и да е, исполнета на секое можно поле, оваа студена сезона Fashion Group ги носи најголемите промени во модата – сосема нови брендови чии колекции се љубов на прв поглед!

 

Сакајќи да ви ги прикажеме сите нови и ултра шик парчиња од новите колекции на нашите брендови со кои ја започнуваме новата сезона, поканивме некои од највпечатливите дами во македонската модна индустрија за кои знаевме дека ќе ги презентираат на совршен начин.

Потврдувајќи дека стандардите за убавина и модата целосно се променија и единствено фокусирајќи се на она што внатрешната убавина вистински значи, есенската приказна на Fashion Group ја прикажуваме преку овие четири дами, секоја сосема своја, посебна и моќна на единствен начин, секогаш умерена и ултра впечатлива.

Светлана: Елек, панталони, ремен: Mango, Потпетици: Guess  Вера: Фустан: Guess, Потпетици: Steve Madden Тања: Кошула, панталони: Mango, Потпетици: Steve Madden Ана: Фустан: Mango, Чизми: Miss Sixty

Облечени во парчиња за кои стилските девојки веќе потврдија дека ќе бидат огромен хит, Светлана Црнокрак, Татјана Стојановска, Ана Биновска – Кочова и Вера Мештеровиќ, нè потсетија на најубавите приказни од 90 – тите.

Едногласно, тие посочија дека очекувано, работите во модната индустрија целосно се променети, но и дека им е драго што денеска младите наоѓаат нови и креативни начини за промоција на внатрешната убавина, со која тие не престанаа да зрачат изминатите години. Прекрасните дами се согласуваат и дека трендовите се менуваат исклучително брзо, па ако нешто за што порано не мислеле дека ќе го облечат било кога, денеска го носат со задоволство. „За разлика од порано, мислам дека денес не постои мода, туку постои стил на облекување. Буквално секој си носи што си сака. Ако порано се знаело што е во тренд, каква фризура, шминка, облека, чевли .. сега е малку поинаку, послободно и индивидуално. Но, сепак би кажала дека модата се врти, она што некогаш било тренди и во мода, повторно се враќа. Има некои парчиња на облека или чевли што јас во наше време кога биле модерни не сум ги погледнувала, а сега, кога повторно се во тренд со задоволство ги носам“, вели Светлана Црнокрак. Кога на едно место ќе се соберат вакви дами, облечени во најстилските парчиња што девојките ќе ги обожаваат оваа сезона, не можеше, а да не се спомене колку моќно тие се чувствуваат во својата кожа и како таа моќ се менува низ годините.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Денес ни се достапни многу трендови на убавина, разни козметички процедури и естетски интервенции, кои резултираат со еден нов вид на убавина, карактеристичен за новото време. И тоа е сосема нормално, секое време си има своја убавина. Но, она што е особено интересно, е тоа што денес, социјалните медиуми имаат улога на отскочна даска за многу девојки и жени, кои во минатото не можеле да дојдат до израз, поради немање пристап до медиумите. Она што порано го работевме ние на телевизија, сега го прават инфлуенсерите. Преку социјалните медиуми инфлуенсерите адресираат многу сензитивни теми, кои во минатото биле табу, како: прифаќањето на сопствениот изглед, враќање во форма после бременост, психичкото и ментално здравје, пораѓај, доење, постпородилна депресија, итн. За таквото „соголување“ е потребна огромна храброст и затоа го почитувам тоа што го прават“, вели Ана Биновска Кочова во интервјуто за Fashion Group.

Ана: Фустан Miss Sixty, потпетици; Steve Madden

Светлана: Комбинезон, кошула: Mango, чевли: Parfois, марама: Guess Тања: Фустан: Miss Sixty, Потпетици: Guess 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Мислам дека е благослов, привилегија да се биде жена. Сметам дека женската енергија му дава на животот една дополнително убава димензија, една племенитост, топлина и нежност која води напред. Прекрасно е кога дополнително, жената покрај професионалниот ангажман и афирмација ќе се оствари и како мајка. Секако дека ова не мора да е избор на секоја жена, но тоа е мојот избор, мојот начин на живот. А морам да кажам дека уживам во она што го одбрав“, вели Вера Мештеровиќ.

Вера: Фустан: Mango, Марама: Parfois, Потпетици: Steve Madden

Иако и повеќе од очигледно, секоја потврдува дека животот добро се однесува кон неа и е апсолутно задоволна со приказната што ја живее изминатите години. Здравјето е она што единствено го потенцираат како предуслов за среќен живот.  „Фала му на Бога, задоволна сум од сè она што ми го дарил животот досега, а се надевам така ќе биде и натаму. Јас сум човек кој не пребарува многу, и задоволна сум со она што го имам. Важно ми е да сме сите во моето семејство здрави и живи, да имаме хармонични односи, да ги надминуваме проблемите и да се соочуваме со предизвиците што ни ги носи животот со разум и сила како и досега. Само здравје, ништо повеќе не ни треба“, вели Татјана Стојановска.

 

   

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во тоа име, оваа сезона, направете нешто повеќе за себе, грижете се за семејството, почитувајте ги вистинските стандарди на убавината, воспитувајте ги најмилите да ја чуваат Планетата.

Fashion Group и сезонава ќе ви ги понуди најшармантните парчиња со кои ќе се заштитиме од студот и целосно ќе се посветиме на најважните работи во животот. Дека секогаш веруваме во убавината на новите нешта, овојпат прикажани преку трите брендови Kiko Milano, Mango Man&Kids и Dan John, ќе ви докажеме и од Ист Гејт Мол каде уживаме во приказните што допрва ќе ги раскажуваме заедно!

 


 


 

Татјана: Палто, фармерки: Mango, Боди: Guess, Светлана: Панталони, елек: Mango, Ана: Фустан, мантил: Mango, Потпетици: Steve Madden, Вера: Кошула, хеланки, елек, чанта: Mango

 

Организација и реализација: Fashion Group

Фотограф: Бојан Стоилковски

Шминка и фризура: Зоран Шурбевски 

12.10.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.