Есента е вистински предизвик кога станува збор за совршените комбинации со кои ќе се стоплиме, но воедно и ќе изгледаме супер стилски секој ден од неделата.
За оваа сезона да ви ја олесниме потрагата по најдобрите парчиња со кои си ги замисливте вашите комбинации, направивме колекција едноставно наречена „Боите на есента“, во која сместивме модели што знаеме дека ќе ги обожавате.
Сосема очекувано, во истата се најдоа раскошни есенски бои преточени во шик парчиња како волумензони капути, куси јакни со крзно, џемпери во неодоливи крем нијанси, фустани од твид, парчиња во зелена нијанса и што уште не.
Секогаш со нагласок на неутралните нијанси, девојките и оваа сезона ги обожаваат минималистичките парчиња и еднобојните комбинации од глава до пети, дополнително истакнати со шик накит и чизми со врвки како едни од омилените сезонава. Ниту оваа есен не смееме да заборавиме на чантите како омилен моден додаток, а оваа сезона доаѓаат во поубави бои и модели одошто можете да замислите.
Без разлика на тоа кое парче ќе го одберете, бидете сигурни дека ќе бидете забележани каде и да се појавите, благодарение на стилските и ефектни модели од новите колекции на нашите брендови.
Ние сезонава сме заљубени во лежерните романтични фустани со цветен принт, комбинирани со долгите совршено скроени капути, но и во џемперите во неутрални бои надополнети со шик модели на фармерки кои чекаат на вас!
На следниов линк, погледнете ги сите модели што ги сместивме во оваа нова колекција и уживајте во правењето на комбинации како никогаш досега.