Барај
Стилски комбинации од Springfield за секој ден од неделата
БЛОГ

Стилски комбинации од Springfield за секој ден од неделата

 

Иако можеби топлите денови нудат најголема инспирација за секојдневните наши комбинации, сепак, зимата носи сосема поинаква приказна со себе. Ниските температури можеби ја ограничуваат нашата креативност, но сепак, имаме многу можности за слоевито облекување кое секогаш е толку шик.

 

Новата колекција на омилениот шпански бренд Springfield со себе донесе исклучително стилски парчиња кои ги освоија момците и девојките на прв поглед, а токму денеска, правиме кус преглед на истата и ви ги предлагаме највпечатливите парчиња за комбинирање. Девојките и оваа сезона се вљубени во романтичните блузи изработени од деликатни материјали, па токму тие се едни од најзастапените парчиња во колекцијата на Springfield. Комбинирајте ги со фармерки и стилски чизми, но и со топла јакна и кул модни додатоци за комплетен есенски изглед во кој ќе уживате.

 

Комбинација: Јакна, чанта, фустан, капа

Момците пак, ниту оваа сезона не се откажуваат од шик дуксерите и ги комбинираат со фармерки во светли нијанси без разлика на студеното време, но и со кул јакни што ќе ги најдете во изобилство во новата колекција на брендот.

Не двоумете се и играјте си и со боите и со материјалите оваа сезона за целосно шик изглед кога е студеното време во прашање.

Денеска, ние ви предлагаме точно пет комбинации со парчиња од последната колекција на брендот, совршени за секој ден од неделата за уживање на работното место или пак во друштво со пријателите.

Парчињата можете да ги најдете онлајн или во продавниците на Springfield.

Комбинација: Блуза, јакна, фармерки, чанта

Комбинација: Јакна, фармерки, капа, блуза, патики

 

Комбинација: Кошула, фармерки, јакна, патики

 

 

Комбинација: Јакна, патики, дуксер, фармерки

 
03.11.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.