Барај
Девојките ги одбраа хит парчињата за 2022!
БЛОГ

Девојките ги одбраа хит парчињата за 2022!

 

На само неколку дена од почетокот на новата година и уживање во одбирањето на комбинации за новогодишната ноќ, девојките полека, но сигурно почнаа да ги прават своите прогнози за 2022 година кога се шик парчињата во прашање.

 

 

Со оглед на ретро стилот во кој ја завршуваме годината, воопшто не беше за изненадување фактот што Инстаграм следната година ќе биде преплавен токму со вакви парчиња, прикажани преку шик кошули, ѕвонести панталони, исклучително добри капути, но и додатоци кои неодоливо потсетуваат на убавите времиња.

 

 

Секако, освен парчињата во ретро стил, тренди девојките ниту следната година не планираат да се откажат од парчињата во интензивни нијанси како темно зелената која дефинитивно ја одбележа изминатата година, ниту пак од оние модели со принт како најголем предизвик за нив.

Почетокот на новата година дефинитивно ќе го одбележат и уникатните светкави парчиња наменети за празничните комбинации, но истите без двоумење ќе бидат наш сојузник во сите оние пролетни денови кога ќе посакаме да се истакнеме од толпата.

 

 

 

За оние храбрите, па и за оние кои сакаат тоа да бидат, обидете се следната година да правите шик комбинации со транспарентни парчиња, дополнително истакнати со некој кул градник одоздола и омилените фармерки со висок струк.

Судејќи според она што досега имавме можност да го видиме како прогноза од популарните девојки на Инстаграм, ние направивме мала селекција од 10 парчиња кои знаеме дека ќе бидат вистински хит следната година, па сега е вистинско време да ги одберете вашите фаворити и да почнете со одличните комбинации!

 

 

 

 

 
28.12.2021.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.