Барај
Најпопуларните палта за сезоната што доаѓа!
БЛОГ

Најпопуларните палта за сезоната што доаѓа!

 

 

Секоја нова сезона со себе носи нови трендови, а особено тоа е случај со најубавата, онаа во која допрва се чини ќе уживаме – пролетта!

 

 

Сосема очекувано, популарните Инстаграм девојки веќе одлучија кои модели на палта најмногу ќе ги гледаме во нивните комбинации, па ние не можевме, а да не направиме наша листа на фаворити.

Палтата се дефинитивно едни од омилените парчиња во гардеробата на секоја девојка и вистински класик кој никогаш не излегува од мода, туку само уживаме во новите варијации на истите.

 

 

Оваа пролет, девојките повторно се одлучија за неодоливи нежни нијанси кај ова парче, во малку подолги модели кои дефинитивно може да се носат и како главно парче во целата комбинација.

Тие ги комбинираат со светли фармерки со висок струк, романтични кошули или маички на пруги одоздола, а веруваме дека и вие ќе си ја најдете вашата совршена комбинација кога е топлата сезона во прашање.

 

 

 

Меѓу најпопуларните модели се истакнуваат оние палта со едноставен и рамен крој, малку широки во рамената, со интересна должина и помалку oversized.

На воодушевување на многу девојки, во нашата онлајн продавница и брендовите кои толку многу ги обожавате, сместени се навистина голем број на палта, почнувајќи од едноставни за секојдневните работни комбинации, па сè до тренди модели со кои можете да правите експерименти во стилот.

Ние денеска ви ја олеснуваме потрагата и ве запознаваме со најстилските, а ваше е само да појдете во нашите продавници или да ја погледнете понудата онлајн, за најстилска пролет досега!

 

 
 

 

21.02.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.