Барај
Шопинг листа: Најстилските парчиња од Fashion Group за новата сезона!
БЛОГ

Шопинг листа: Најстилските парчиња од Fashion Group за новата сезона!

 

Иако се чини има уште малку до пролетта, навремената подготовка никогаш не наштетила никому! Во пресрет на најубавата сезона што е пред нас, уживаме во шопинг на најтрендовските парчиња во продавниците на Fashion Group и заедно ги правиме најубавите комбинации за секој ден пред нас.

 

 

Одговорот на вечното прашање, со кои парчиња да ја отвориме новата сезона, повторно се крие во новите колекции на вашите омилени брендови, сега поуникатни од кога и да е и со уште поголем избор, благодарение на новите брендови во Fashion Group.
 

 

 

Правењето комбинации никогаш не било полесно од оваа сезона, па не двоумете се и овие денови одвојте време да ги посетите продавниците на Fashion Group или да ја направите вашата стилска нарачка онлајн.

Како и секогаш, голем дел од парчињата во новите колекции се вистинско олицетворение на безвременските класици, но има и такви кои се исклучително тренди и со кои познатите „ит“ девојки веќе ги направија првите пролетни комбинации.

 

 

 

На врвот на вашата шопинг листа за оваа сезона дефинитивно треба да се најдат стилските „балонери“ или пролетни мантили кои се задолжителни кога говориме за трендовите оваа сезона. Не двоумете се и набавете си еден во сива и во крем нијанса за дополнително разубавување на сите ваши комбинации во кои ќе блеснете сезонава.

Подеднакво добра инвестиција се и шик патиките кои дамите ги обожуваат заради нивната удобност и бројните бои и дезени, а токму во продавниците на Fashion Group ќе пронајдете исклучително тренди модели во кои ќе се вљубите. Како новитет, компанијата во рамки на мултибренд продавницата Fashion&Friends ги носи уникатните модели на Puma и New Balance за уште постилски пролетни денови пред вас.

Секогаш елегантни и совршено луксузни, сезонава инвестирајте и во Guess торба во чија продавница ќе ги најдете најурбаните модели за оваа пролет. Подеднакво омилени на познатите девојки и оваа сезона повторно се костимите во неутрални бои, па посетете ги продавниците на Mango, Springfield и Fashion&Friends за уникатен избор.

Момците повторно уживаат во најудобните спортски парчиња во продавницата на Superdry, но изгледаат и навистина посебно на секоја пригода во внимателно одбраните парчиња од Bitstiani и Dan John.

Fashion Group и оваа сезона повторно се погрижи да ги приближи најновите трендови за оваа сезона до вас, а особено се радуваме на фактот што како и секогаш, заедно ќе ги бираме вашите омилени парчиња во нашите брендови за уште постилска сезона од кога и да е!

Ве очекуваме.

 

 
 

 

 

 
 
14.03.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.