Барај
Оскари 2022: Тупаницата на Вил Смит ја шокираше публиката!
БЛОГ

Оскари 2022: Тупаницата на Вил Смит ја шокираше публиката!

 

Токму како што беше најавено, Оскаровска вечер што ќе се памети, актерот Вил Смит се погрижи тоа да биде и повеќе од точно.

 

 

Бранејќи ја неговата сопруга Џејда Пинкет Смит која страда од алопеција (опаѓање на косата), со силна тупаница среде емитувањето во живо го удри актерот Крис Рок кој направи шега на нејзина сметка дека изгледа како актерката Деми Мур која во G.I Jane си ја избричи главата.

Повеќе од очигледна беше реакцијата на сопругата на Смит која воопто не беше задоволна од шегата на Крис Рок, кој очигледно го навреди семејството кое подолго време се бори со болеста.

 

 

Смит, кој подоцна ја доби главната награда за улогата во „Кралот Ричард“ стана од публиката и се упати кон Рок по што силно го удри со тупаница говорејќи му повеќе да не го споменува името на неговата сопруга.

Иако на прв поглед се чинеше како публиката да се забавува, моменти подоцна сите сфатија дека всушност тој момент не е во сценариото и дека актерот е и повеќе од сериозен.

 

 

 

За време на паузата за реклами, се појавија фотографии и снимки од Вил Смит во друштво на актерите Дензел Вашингтон и Бредли Купер кои се чинеше дека го тешеа, соземајќи се од емотивниот момент прикажан пред целата јавност.

Само неколку минути по инцидентот, Вил Смит се качи на сцената за да го прими својот прв Оскар во кариерата и тоа за улогата на таткото на Серена и Венус Вилијамс, „Кралот Ричард“ и да ја посочи важноста на семејството извинувајќи се на сите за тоа што го направи претходно.

Очекувано, социјалните мрежи минути подоцна беа преполни со негативни коментари за бесот на Вил Смит и како не можел да се контролира, како и дека ова бил најлошиот момент во историјата на Оскарите.

Настрана инцидентот, вчеравечер имаше и прекрасни моменти во кои уживавме по двегодишната пандемија, полни раскокшни фустани од најпознатите дизајнери носени од прекрасните актерки, но и многу смеа и незаборавни моменти на воодушевувачката сцена.

Меѓу најголемите победници на Оскарите беа секогаш преубавата Џесика Честен која ја доби наградата за најдобра актерка за изведбата во The Eyes of Tammy Faye, филмот Coda заслужено ја освои наградата за најдобар филм, режисерката Џејн Кампион е најдобра за изминатата година, најочекувано, Encanto е најдобриот анимиран филм, насловната песна за Џејмс Бонд во изведба на Били Ајлиш беше прогласена за најдобра, додека наградата за Интернационален филм ја освои филмот Drive My Car.

 

 
 

 

 

 

Фото: Vogue, Daily Mail
28.03.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.