Барај
Парчињата во кои вреди да инвестирате овој април!
БЛОГ

Парчињата во кои вреди да инвестирате овој април!

 

Почетокот на пролетната сезона го означува и почетокот на новата сезона која секогаш е толку многу возбудлива, полна стилски парчиња кои едвај чекаме да ги прошетаме низ улиците.

 

 

Оваа пролет, без двоумење раскажете нова модна приказна, овојпат без воопшто двоумење бидете тотално шик и посмела од кога и да е.

На првиот ден од еден од најубавите месеци, направете си супер листа и поминете го денот во шопинг со пријателките и одберете ги најубавите парчиња во кои ќе блеснете цел април.

 

 

Некои од најефектните парчиња за овој прекрасен месец, можете да ги најдете во продавниците на нашите брендови и на нашата онлајн продавница каде секогаш има толку многу голем избор.

Овој месец, го боиме со најинтензивните нијанси кои се како создадени за топлите денови, уживаме во фустаните со најинтересен крој, кошулите со пролетен принт, кошулите со пуфкасти ракави, јакните кои ги довикуваат сончевите зраци..

 

 

 

Речиси секое парче од новите колекции на нашите брендови блика со оптимизам, токму какви што треба да бидат деновите овој април и какви што доликуваат во најтоплите денови што следат.

Покрај сите шик парчиња, не заборавајте ги и модните додатоци кои секогаш носат еден поинаков призвук на секоја наша комбинација, а оваа сезона доаѓаат во толку многу прекрасни модели.

Овој први април, иако помалку дождлив, ние ви ги прикажуваме најубавите модели што ќе ви го разубават денот и викендот, а првиот ден од месецот е секогаш совршен за супер шопинг на најубавите парчиња во кои ќе оставите супер силен впечаток.

 

 
 
 
 

 

01.04.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.