Барај
Пролетно „бегство“ во најубавите фустани за сезонава!
БЛОГ

Пролетно „бегство“ во најубавите фустани за сезонава!

 

Што прво ви доаѓа на ум кога ќе спомнеме пролетно „бегство“? Да, супер дестинација во друштво на пријателите и секогаш, ултра тренди комбинација за добри фотографии!

 

 

Оваа пролет, ние веќе ги спакувавме куферите за нашата сезонска прошетка која толку многу нѝ недостасуваше и сега, повеќе од било кога едвај чекаме да уживаме во новата дестинација на која нè очекуваат многу нови авантури.

Во потрага по најубавите комбинации што ќе ги освојат социјалните мрежи, овие денови одиме на шопинг во продавниците на брендовите на Fashion Group и уживаме во сите шик парчиња од новите колекции.

 

 

Денеска, ве инспирираме со некои од најубавите фустани, толку уникатни и впечатливи, целосно создадени да ве однесат во нова авантура во која знаеме дека ќе ги запишете најубавите спомени.

Иако можеби оние парчиња со цветни мотиви повеќе не се на прво место кога одиме во шопинг, сепак, истите и оваа сезона се провлекуваат меѓу фаворитите, но, со акцент на оние во интензивни бои.

Како и секогаш, така и оваа пролет, при изборот на парчиња во кои ќе блеснеме на новата омилена дестинација, особено внимание им посветуваме на чевлите кои задолжително мора да се удобни, но и на модните додатоци што ќе го зачинат секој ваш изглед.

 

 

 

Бидете смели и оваа сезона и разведрете ја секоја комбинација што со нетрпение ќе ја очекуваме на Инстаграм и направете незаборавни спомени каде и да одите.

Покрај добриот стајлинг, единствено нешто што е поважно е тоа со кого ќе ги направите спомените, па погрижете се да одберете добро друштво и да уживате во пролетта како никогаш досега!

Погледнете ги нашите фаворити за пролетно „бегство“ низ текстот и набавете ги во нашите продавници или направете онлајн нарачка уште денес!

 

 
 
 
 

 

06.04.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.