Барај
Среќен роденден, прекрасна!
БЛОГ

Среќен роденден, прекрасна!

 

Кико Милано слави 25 години италијанска убавина, со нова ексклузивна роденденска колекција!

 

 

Балоните се надувани, тортата декорирана, време е за забава! Кико Милано слави 25 години успех во светот на декоративната козметика!  По повод две ипол декади на иконска убавина, италијанскиот бренд креираше нова роденденска колекција во лимитирано сребрено издание, која ги спојува во една блескава линија своите најдобри и најиновативни формули досега, сите "ѕвезди" од минатите колекции кои се all-time favorites на секој љубител на Kiko Milano.

 

Ѕвездите за нега на кожа

Производите од колекцијата за лице и тело ќе се погрижат за ваша совршена подготовка за одличен изглед. Започнете со Candy Body Butter Body Cream и хранливиот крем за лице Nourishing Face Cream, а потоа нанесете го серум прајмерот Glow Elixir 2-IN-1 Face Base and Serum,  омилен на фановите заради бисерниот ефект.

Фаворитите за лице

Посегнете по Skin Trainer CC Blur Perfect Skin Optical Corrector со лесна и пријатна текстура кој што содржи пудра за измазнување на кожата и отстранување на сјајот. Потоа употребете ги Glowing Skin Primer Face Base и Highlighting Drops Face Highlighter кои беа хит меѓу Кико фановите ширум светот. Користејќи ги четките од Face & Eyes Brush Kit нанесете малку свежина и боја на лицето со  Baked Blush и свиленкасто контурираниот Baked Bronzer.

Иконите за очи

Создадете изглед за очи што совршено ви одговара, играјќи си со четири супер пигментирани сенки од најпродаваната Gorgeous Eyeshadow Palette.

Употребете ги четките од Face & Eyes Brush Kit за да ги нанесете сенките Magnetic Eyeshadow или Colour Shock Eyeshadow. Линијата на трепките дефинирајте ја со Lasting Duo Eye Pencil, а вашите веѓи со Eyebrow Marker. Секако, маскара со топ квалитет ќе го направи вашиот изглед прекрасен, а тоа ќе го постигнете со Luxurious Lashes Maxi Volume Brush Mascara.

 

 

Легендите за усни

Ако сакате нежни светкави бои, тогаш одберете Sparkling Lip Balm, а за екстремен сјај и бисерен финиш употребете Holo Lipgloss. Доколку сакате вашите усни да имаат мат изглед, тогаш посегнете по Velvet Passion Matte Lipstick. Што и да одберете, ќе бидете подготвени за да дувнете прекрасен роденденски бакнеж.

Сега вашиот изглед е целосен, па финиширајте со тоа што ќе ги ставите вашите мејк-ап производи во прекрасниот сребрен несесер во лимитирано издание.

Вашата убавина е дополнително потенцирана, затоа обујте ги чевлите за играње и направете селфи за групниот чат со пријателките, подготвени сте за забава!

Кико Милано слави роденден, а вие сте почесни гости!

*Производите од роденденската колекција на Кико Милано можете да ги најдете во продавницата во East Gate Mall или онлајн.

 

 

11.04.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.