Барај
Fashion Group е вашето семејство овие Велигденски празници
БЛОГ

Fashion Group е вашето семејство овие Велигденски празници

 

Водејќи се од некои од примарните стихови во нашите познати празнични песни како „Каде и да си, за Велигден дома да си“, овие празници сакавме уште повеќе да ја истакнеме важноста на домот и семејството.

 

 

Како групација, многу често говориме за големината на семејството и секогаш на било кој начин се обидуваме да ви прикажеме што за нас значи истото, па овој Велигден сакавме да ја споделиме таа убавина со некои од семејствата за кои знаеме дека им треба помош.

Дел од нашите вработени беа доволно љубезни на овој голем празник да одвојат дел од нивното време и да им ги достават донациите со неопходни намирници на семејствата што ги одбравме, а за кои бевме сигурни дека им се и повеќе од потребни.

 

 

Сосема очекувано, убавината на празникот доби една неверојатна димензија во моментот кога со овие исклучителни семејства ги споделивме донациите кои секогаш значат многу, особено во оние денови кога на семејството сакате да му го пружите сето она што го посакувало.

 

Ова беше уште една година полна предизвици за сите нас, но она што мора да го запаметиме е дека некому, секој ден му е предизвик. Токму поради тоа, ваквите потези треба да бидат само еден поттик за сите оние кои сметаат дека можат да направат многу повеќе од она што веќе го прават, а некому ќе му значи и повеќе одошто можат да замислат.

„Особено ни е драго што и оваа година успеавме да го разубавиме домот на неколку семејства на можеби најубавиот за нас празник. Оваа мала помош во донации за некому значи многу, па се обидуваме постојано да сме во комуникација со оние на кои им е најпотребна, за барем малку да им помогнеме во секојдневието. Животот во нивните тешки околности е сериозен предизвик, па ова нека биде поттик за сите оние кои можат многу повеќе со цел заштита и помош на луѓето од најранливите категории“, изјавија од компанијата Fashion Group.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
27.04.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.