Веројатно не постои девојка на светот која не е воодушевена од стилот на шпанската кралица Летиција, а таа уште еднаш докажа зошто е тоа така.
Секогаш одбирајќи исклучително стилски парчиња, на церемонијата на доделувањето на наградите на истакнати луѓе во нивната професија, кралицата и една дама од наградените се појавија во исти фустани што многумина би го сметале за невкусен момент.
Но, благодарение на секогаш позитивната Летиција и подеднакво расположената професорка по право Вивас – Тесон, моментот стана вистинска сензација на Интернет.
Доделувајќи и ја наградата, тие се прегрнаа и навистина интересно реагираа на случајниот момент кој се претвори во случка за паметење.
Имено, фустанот е со потпис на еден од омилените брендови на кралицата, Mango, соодветен за бројни специфични прилики и навистина впечатлив за секоја прилика во која сакате да се истакнете.
Станува збор за фустан изработен од исклучително пријатен материјал, половина црна, а половина бела нијанса, со ремен во темна боја на половината, што го прави неверојатно елегантен.
Инаку, наградите што секоја година традиционално ги доделува кралицата Летиција, се однесуваат на лица кои се истакнати во својата работа, а кои им помагаат на лицата со попреченост полесно да се вклучат во општеството.
Овој и многу други стилски фустани за претстојната пролет можете да најдете во продавниците на Mango во Сити Мол и Ист Гејт Мол, но и на нашата онлајн продавница преку следниот линк.