Барај
Викенд комбинации инспирирани од блогерката Pernille Teisbaek
БЛОГ

Викенд комбинации инспирирани од блогерката Pernille Teisbaek

 

Ако сте од оние што ги обожаваат скандинавските блогерки, тогаш веројатно сте слушнале за ултра стилската Пернил Тесбек, која важи за една од омилените.

 

 

Прекрасната данска модна инфлуенсерка, во повеќе наврати направи капсулни колекции за некои од најпознатите high street брендови меѓу кои и Mango, а истите се покажаа како супер успешни и барани.

 

 

Кога ви треба барем малку модна инспирација, тогаш нејзиниот профил на Инстаграм е вистинското место за тоа, а овој петок, токму таа нè инспирира како да изгледаме шик за време на викендот.

Со оглед на тоа што полека, но сигурно се враќаме во нормала, викенд дружбите дефинитивно беа нешто што особено нѝ недостасуваше, па се чини постојано договараме нови средби.

 

 

 

Токму Пернил е една од девојките со непогрешлив стил, па секогаш кога сакаме нешто повеќе од комбинацијата, таа е вистинското место да се обратиме. Прекрасната блогерка дефинитивно е кралица на basic парчињата, а нејзините комбинации и покрај тоа, секогаш се толку впечатливи благодарение на деталите.

Овој викенд, уживаме разгледувајќи ги нејзините супер шик комбинации и одбираме кус бел фустан со стилска јакна или палто, класик како црниот фустан комбиниран со долго палто во кафена нијанса и секогаш омилениот црн топ комбиниран со панталони со впечатливи копчиња.

Бидете сигурни дека што и да одберете или пак ги комбинирате сите парчиња за сите три дена од викендот, ќе бидете вистинска модна кралица и ќе го привлечете сето внимание каде и да се појавите.

Нашите фаворити инспирирани од Пернил ги гледате и купувате на линковите низ фотографиите, а секогаш сме тука и за добар физички шопинг во нашите продавници.

Убав и шик викенд!

 

 
 
13.05.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.