Барај
Животот во кошули е поубав!
БЛОГ

Животот во кошули е поубав!

 

Ако досега момците едвај чекаа да дојде лето за да ги носат нивните омилени маички, оваа сезона, најстилските носат шик кошули на куси ракави!

 

 

Можеби овие модели веднаш ве асоцираа на ретро времиња кога постарите генерации уживаа во летните забави облечени токму во вакви парчиња, но сега е време да им го оживееме стилот.

Вашите омилени брендови оваа сезона ви нудат најстилски модели на кошули на куси ракави, па дури и оние најскептичните нема да им одолеат.

 

 

Направени од најпријатните материјали совршени за лето, моделите на кошули за оваа сезона доаѓаат во најубавите принтови, претежно цветни, но и со останати детали за уште посовршени топли денови.

Момците ги обожаваат бидејќи истите се како создадени за многу прилики, па така можете да ја носите на било која летна забава, на кафе со пријателите, на семејниот ручек, па дури и на работа доколку околината ви го дозволува тоа.

 

 

 

Истите се доволно впечатливи сами по себе, па комбинирајте ги со фармерки или панталони од лежерен материјал во една нијанса и патики или еспадрили по ваш избор.

Бидете похрабри од кога и да е и ова лето истакнете го вашиот стил со уникатни парчиња како ова, дополнувајќи ги со детали по ваш избор.

Без оглед на пригодата, одберете го моделот што најмногу ви одговара и оваа топла сезона, истражувајте ги местата за кои секогаш сонувавте.

Овие кул модели и многу повеќе можете да најдете во сите продавници на нашите брендови, а за брз шопинг, на следниов линк купуваме онлајн!

 

 
 

 

 

 

 
02.06.2022.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.