Барај
Сезонава се топлиме со карирано!
БЛОГ

Сезонава се топлиме со карирано!

Веројатно кога ќе погледнете некое карирано парче, она на што прво ви текнува се удобните и топли зимски ноќи.

Во пресрет на најубавиот период од годината, вистинско време е да си набавите неколку парчиња во овој принт, а истите можете да ги нарачате на брз и едноставен начин преку нашата онлајн страна.

MANGO капут - Од 4.499 ден. на 3.199 ден

Одберете нешто од неодоливата понуда на ултра тренди парчиња во кариран принт, а истите се доволно совршени за да ги подарите и на саканите.

WOMEN'SECRET папучи - Од 1.399 ден. на 999 ден.                                                                                                                    

WOMEN'SECRET пижами - Од 2.599 ден. на 1.999 ден. 

Сите парчиња во овој принт се секогаш добра инвестиција бидејќи истиот никогаш нема да излезе од мода, а особено се популаризира во овој прекрасен, празничен период од годината.

WOMEN'SECRET детски пижами - Од 1.799 ден. до 1.399 ден. 

Доколку пак сте од оние кои обожуваат да се фотографираат, парчињата во кариран принт се совршен избор за вашата семејна, божиќна фотографија која ќе изгледа супер весело.

TIMBERLAND кошула - Од 5.990 ден. на 4.799 ден.                                                                                                                       

Сезонава и познатите девојки го обожаваат карираниот принт, па често можеме да ги видиме во парчиња во овој стил во кои изгледаат ултра шик.

PARFOIS чанта - 1.890 ден. 

Омилената ИТ девојка Кендал Џенер изгледа неодоливо во карирана комбинација со која потврдува дека принтот е број еден во празничната сезона.

Подеднакво шармантни беа и Џенифер Лопез и Алекс Родригез кои божиќната ноќ ја поминаа токму во карирана комбинација, а преслатки беа и нивните дечиња кои беа облечени во исти парчиња.

Оваа зимска сезона нема да погрешите доколку вашиот гардеробер го обновите со парчиња во овој стил, а обидете се да експериментирате и бидете храбри одбирајќи целосно карирана комбинација, особено кога се работи за женските костими.

MANGO палто - Од 5.999 ден. на 3.990 ден. 

Бидете шик и зимава стоплете се со карирано!


Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:
                                

27.12.2019.
Trenutno nema komentara

Слични статии

18.
Sep.
2022.
БЛОГ
На денот на најголемиот настан во кој се вперени очите од сите страни на светот, погребот на кралицата Елизабета Втора, се потсетуваме зошто многумина ја нар...
16.
Sep.
2022.
БЛОГ
Ја отвораме новата сезона со најстилските парчиња што можете да си ги замислите, а ако на оваа прекрасна вест додадеме дека со секоја сметка добивате ваучер ...
13.
Sep.
2022.
БЛОГ
Иако секогаш омилената црвена нијанса и оваа сезона некако излезе на површина, сепак, кафените и крем бои од палетата се нешто на што едвај чекаме.